Еден од првите следбеници на Исус го кажал ова неверојатно тврдење: „Исус Христос е видливиот лик на невидливиот Бог“. Со години луѓето бараа докази за тоа како изгледа Бог, а најдобриот одговор што христијанството може да го понуди е дека Бог личи на Исус. Бог изгледа како смиреност, Бог изгледа како сочувство, Бог изгледа како жртва на љубов, Бог изгледа како слобода, Бог изгледа како простување, Бог изгледа како мудрост, Бог изгледа како исцелување, обновување и откупување, Бог изгледа како помирување и надеж! Значи, не можете да Го направите Исус само фина личност од историјата или без значење за современото живеење. Ако ви треба надеж, слобода, простување, мудрост, слобода и откуп, тогаш погледнете го Богот Кој му се открил на човештвото отелотворувајќи се Себеси како човек за луѓето да Го спознаат Бог.