Апсолутно! А најдобриот дел е што оваа натприродна моќ доаѓа во форма на чиста и безусловна љубов.
Сè што прави Бог е мотивирано од љубов и кога ние ја искусуваме натприродната моќ, таа секогаш нè насочува кон љубов. Понекогаш ова ни е тешко да го разбереме бидејќи живееме во природен свет и нашите умови не се секогаш прилагодени на натприродното. Или она што некои луѓе би го нарекле духовно.
Бог е дух и се движи и живее во духовното и природното. Затоа понекогаш ние не можеме да објасниме зошто знаеме нешто што не треба да го знаеме. Или чувствуваме дека нешто не е во ред со некој близок без да сме зборувале со него. Божјиот дух комуницира натприродно со нашиот дух за да нѐ предупреди.
Дали некогаш сте слушнале мајка да каже дека знаела дека нешто не е во ред со нејзиното дете без да биде таму? Тоа е Божјата натприродна моќ на дело што ни ја покажува Неговата љубов кон нас за да ние можеме да се грижиме за оние што ги сакаме. Натприродната моќ функционира и во форма на креативност. Бог им дава креативна исцелувачка моќ на луѓето кои Го сакаат и веруваат во Него за да можат да ја покажат Неговата љубов кон другите. Понекогаш оваа моќ се користи за лекување на болни тела.
Понекогаш се користи за да даде креативни решенија за проблемите во нашите животи. Друг пат оваа натприродна моќ се користи едноставно за да им се даде до знаење на луѓето дека тие се видени и слушнати. Дека нивните најдлабоки мисли не се заборавени или незабележани.
Ако имате пристап до Библијата, има тони и тони случки кои ја покажуваат натприродната моќ на Бог. Но, важно е да се знае дека овие стории не завршиле кога биле запишани пред илјадници години. Тие се случуваат и денес. Низ целиот свет луѓето ја искусуваат натприродната моќ на Божјата љубов.
Денес луѓето се излечени од болести и зарази. Понекогаш преку медицината и вештините што Бог им ги дал на лекарите, а понекогаш преку чудесни настани. Денес храната се множи во градовите и селата каде има глад и умирање од глад. Но, има некој таму кој верува во Божјата моќ и се моли за повеќе храна. И Бог одговара на таа молитва. Денес, луѓето на чудесен начин се ослободуваат од зависности и стравови што ги мачат цел живот додека повикуваат на помош во името на Исус. Отсекогаш постоел Бог со натприродна моќ и секогаш ќе постои.
Ако сакате да го доживеете овој Бог на љубовта, испружете ги рацете пред вас. Кажете Му дека сакате да верувате во Него, но ви треба помош. Кажете Му дека сакате да ја почувствувате Неговата натприродна моќ во вашето тело. Замолете Го да ви дозволи да ја почувствувате Неговата неверојатна љубов. И видете што ќе се случи. Што имаш да изгубиш?